Вечерва хуманитерен концерт на градскиот плоштад

Вечерва со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад, ќе одржи голем хуманитарен коцерт за помош на настраданите од Скопскиот регион. Концертот се реализира по иницијатива на фолк пејачката, Елена Велевска, а е во организација на општина Охрид.

„Со овој концерт сакам да ги поттикнам и другите градови да организираат концерти и хуманитарни акции за да се соберат што повеќе донации. Веќе бев во Стајковци и ситуацијата е ужасна, сакам што побрзо луѓето да се избават од тој пекол и да се вратат на своите нормални животи. Ве поканувам вечерва сите кои што сте во Охрид да дојдете на градскиот плоштад во 20:00 и заедно да донираме. Секоја помош е добредојдена“, изјави Велевска.

На концертот ќе настапат: Наум Петрески, Зуица Лазова, Ристе Ристевски, Анастасија Петреска, Ѓоко Таневски, Петар Нечовски, Анета Наковска и многу други. Нивниот број постојано се зголемува.

Од 19:30 од страна на „Црвен крст“ Охрид ќе бидат поставени пунктови за финансика и материјална помош. Средствата собрани од концертот ќе бидат донирани за настраданите од поплавените подрачја.