По повод празникот „Пренос на моштите на Св. архиѓакон Стефан“ во манастирот „Св. Стефан“ – Охрид утре (недела) со почеток во 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба.
На 15ти август (понеделник) со почеток во 8:30 ќе се служи света божествена литургија.
По тој повод манастирот Св.Стефан ги повикува сите православни верници на заедничко прославување на манастирската слава.