Ликовна изложба „Огледало“ на Охридско лето

Македонскиот ликовен уметник Гордана Тодевска, вечерва од 20:00 часот ќе ја претстави нејзината изложба „Огледало“ во рамките на „Охридско лето“.

Изложбата ќе биде поставена во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Со овај ликовен проект е изграден хоризонт, каде спојот на театарот, скулптурата, цртежот, дигиталната фотографија и текстот се обид, гледачите да допрат до нечиј друг свет, да обединат или да разделат два света или да стигнат до интерсликовноста на сопствената душа, полна со противречности.

Во еден меѓупростор се раѓаат наративни сцени, во кои сенките и нивните тела преку тишината раскажуваат за едни заборавени, скриени, премолчени, недоискажани светови. Токму поради отсуството на карактерноста на ликовите, чиишто зборови се заробени во нивните вечно премолчени крикови, се преоптоваруваат со експресивноста на движењата, драматизацијата и реторичноста. Нова театарска претстава каде сцена по сцена, хероите ги играат сопствените улоги, интуитивно населувајќи ги со помош на светлината и сенката, своите мистични светови.

01-768x889

Гордана Тодевска е родена во Битола. Во 2004 година дипломира на Националната ликовна академија во Софија, Бугарија, на отсекот сценографија. Од 2005 година студира интериeрен дизајн во Виена. Од 2007 година, живее во Колумбија, каде активно работи како сценограф, илустратор и уметник. Од тогаш до денес остварила бројни самостојни изложби, а исто така учестува во колективни изложби во различни држави.

Работи како сценограф на повеќе опери, мјузикли, балети, концерти, илустрации на детски приказни. Моментално работи на својот проект перформанс и на сценографијата на балетот „Дон Кихот“.

6-Small-300x229