Седумнаесет наптреварувачки од повеќе држави низ светот своите сили ќе ги одмерат на јубилејното 30. издание на Охридскиот пливачки маратон. Меѓу нив е и минатогодишниот победник Евгениј Поп Ацев кој е фавориот и оваа година. Покрај Евгениј, во машка конкуренција ќе учествуваат и македонците, Томи Стефаноски и Александар Илиевски, аргентинците Акуилес Балаудо и Блаум Дамаин, италјанецот Сточино Едоардо, бразилецот Евангелиста Матеус и германецот Пистор Симон.
Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат чехињата Силвие Рибарова, русинките Килик Дариа и Олга Козудуб, аргентинките Гарсија Рита Ванеса, Пилар Геијо и Викторија Мори, хрватката Дина Левачич, италјанката Елена Лионело и венецуелката Вичениа Наваро.
Стартот на маратонот е закажан за 20 август во 12 часот од Св. Наум, а пристигнувањето на првите маратонци се очекува да биде нека околу 17 часот на градското пристаниште. Маратонот ќе се плива на триесет километарската патека „Климе Савин“.