Утре на Факултетот за Туризам и угостителство (ФТУ), ќе се одржи работна средба на носителите на проектот “WaterNET” – Општина Воден, Република Грција, Општина Охрид, ФТУ и Институтот за технолошки науки “Александар“ од Солун.
Проектот е заеднички на Република Грција и Република Македонија, од програмата за трансгранична соработка на ИПА фондовите. На состанокот ќе бидат презентирани повеќе научни трудови поврзани со значењето на водата во повеќе области од човековото живеење. Присутните ќе имаат можност да присуствуваат на гастрономска презентација и ручек поддготвен од студентите на факултетот, а ќе слушнат и предавање за подготовката на уникатниот Охридски бисер.
Проектот ќе биде завршен во декември, со целосно завршување на рекреативно – пешачката патека до Горица, изградба на ботаничка градина во рамките на ФТУ и отворањето на инфоцентарот. Како резултат на досегашното успешно спроведување на проектот, е набавката на четири унифицирани штандови и нова гастрономска опрема за факултетот во Охрид.