Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.М.(17) од Кичево.
Пријавениот, во семејна куќа во Кичево, неовластено чувал полуавтоматско кусо огнено оружје-пиштол „ЦЗ“ калибар 9 милиметри. Пиштолот бил сопственост на неговиот татко кој имал соодветна дозвола за поседување на огненото оружје.
На 20-ти јануари годинава, при невнимателност, пиштолот испукал еден куршум, пришто, од истрелот со повреди се здобила неговата малолетна сестра. Таа, по укажаната медицинска помош во Општата болница во Кичево, била однесена во Скопје на клиниката за детска хирургија, каде е констатирана прострелна влезно-излезна рана на десната надколеница.
Одземеното огненото оружје е испратено на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.