„На светов убавина“ за крај на Охридско лето

Во предворјето на Св. Софија, вечерва во 20 часот свечено ќе биде затворен фестивалот „Охридско лето“ со концертот „На светов убавина“ – песни од театарски претстави на Горан Трајковски напишани во периодот од 2003 до 2013 година.

Ако театарската музика е некогаш како звучна сценографија, а друг пат невидлив звучен партнер на актерот, тогаш песната во една театарска претстава не е ништо помалку од монолог на отворена сцена.

И не е само обична фраза исказот дека „кога зборовите се немоќни да го изглаголат неискажливото, тогаш на сцената зачекорува песната“.

Театарот е дисциплина на заемното вдахновување – синергична уметност.Тој црпи од многу извори, а еден од нив е музиката – песната.

Оти и нему како и на светов му е потребна… УБАВИНА!

Горан Трајкоски е роден во Велес на 21.11.1963 година. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Филолошкиот факултет, на отсекот англиски јазик и книжевност, а со музичко образование се стекнал во училиштето на Пеце Атанасовски, како и преку соработката и менторството со врвните народни уметници Вања Лазарова и Никола Цветковски.

Релизирал музика за повеќе од 50 театарски претстави како и филмска музика, работејќи на познатите македонски филмови, а добитник е и на повеќе награди за најдобра музика од претставите.

1 .КАКО СМРТТА УМИРА
2. СРЦЕ НА СРЦА СРЦЕТО
3. ИСТО ПРАШАЊЕ
4. БАНКИ ДИГНАА ПАЛАТИ
5. ДАФИНА
6. LIFE IS A SHADOW
7. ПСАЛМ 13
8. ЦРНИЛА
9. ОЧИ ЦРНИ ИСКОПАЈТЕ
10. ЃУРЃЕ
11. КОМУ
12. БЕСМИСЛАТА НА ИСТОРИЈАТА
13. КРАЛОТ Е ГОЛ
14. НА СВЕТОВ УБАВИНА
15. ДВА ОРЛИ
17. ПСАЛМ 118

Арна Шијак – вокал, Елена Христова – вокал, Марија Ѓаковска – виолина,Петар Христов – саксофон, кларинет, Анастасиос Иоану, кларинет,Анастазија Христовска – флејта, Бранко Илиевски – тромбон, Антонио Костески – хорна, Дејан Теодосиевски – виолончело, Фана Спиркоска – виола, Игор Василев – бас, клавијатури, Горан Јаневски – гитара, Сашко Костов – удиралки, Игор Зотиќ – клавијатури, семплер, Горан Трајкоски – вокал, електронски инструменти.