Струшките вечери на поезијата се одлична можност да се слушнат поети од целиот свет кои читаат поезија на својот јазик и таа поезија да се слушне со превод. Манифестацијата е преглед на поетите од светот и е многу охрабрувачки што посветувате многу време и внимание на поезијата која често е запоставена и е зад романите, забележа канадската поетеса романсиерка, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд.
На официјалната прес-конференција посветена на Атвуд, таа истакна дека е многу значајно што во Република Македонија се посветува многу внимание за поезијата и дека во помалите земји, меѓу кои географски голема ја вброи и Канада е позначајна.
„Помалите земји често се споредуваат со големите кои имаат издавачки империи. Со мојата книга „Опстанок“ од 1972 година сакав да покажам дека Канадската лутература не е второстепена ниту пак е отсјај на онаа во Велика Бритснија и САД. Канада има голема територија, нашата литература опфаќа луѓе од различни профили имаме и фракнофони, никогаш не сме биле империја, но сме голема земја со малку население. “
Од краткиот престој во Струга заклучи дека сите се многу љубезни и пријателски расположени и оти топло била пречекана, а кога слушнала дека е добитник на највисокото поетско признание „Златен венец“, била изненадена.
„Прво бев многу изненадена, ми беше чест и задоволство што сум на листата на претходните над 50 поети. Тоа е долга листа поети, кои се високо рангирани и ценети. Некои ги знаете, а некои веќе починаа. Бев малку загрижена, да не е кога ќе добиете „Златен венец“ веднаш ќе починете, но ми кажаа дека не е така. Чуството е прекрасно и бев многу одушевена со фотографите од претходните церемонии, многу се разновидни и живописни и затоа ја поздравувам оваа церемонија на наградување. Писателите мора да пишуваат и мора да има многу добри преведувачи кои ќе направат добар превод за меѓународна афирмација. Како мали земји ние не сме супериорни бидејќи во издаваштвото постои хиерархија. САД и Велика Британија се супериорни, Индија на пример е доста силна на меѓународно ниво. Друго што помага е да имате многу луѓе за да може да се афирмирате во светот, а тоа е поврзано со економијата и транзицијата, немам конечен одговор на ова прашање да го знаев ќе го ставев во шише ќе го зтворев и ќе се збогатев.“
Директорот на Струшки вечери Мите Стефоски потсети дека редовно го претставуваат лауреатот во билингвално издание, кое е мостот меѓу двата јазици и нации кои на овој начин воспоставуваат друг мост на соработка. Делото на Атвуд овој пат поетски ќе живее на македонски преку нашиот превод и нашето издание. Нашата цел е Фестивалот да гради мостови меѓу цивилизациите, културите, јазиците и секогаш сме биле насочени во прослава на различноста токму на она што го чини човештвото. Верувам дека со презентирањето на уште еден автор во листата на сите 50 кои досега сме ги наградиле со ова престижно признание ќе имаме можност во светски рамки да ја одиграме улогата на промотор на најзначајните естетски и уметнички вредности.