Државната изборна комисија (ДИК) ќе го стави на јавен увид избирачкиот список 15 дена по распишувањето на предвремените параламентарни избори, изјавија од Државната изборна комисија за sdk.mk.
На тој начин, како што велат од ДИК, како и сите останати граѓани со право на глас, така и се уште непријавените гласачи меѓу преостанатите 30.580 спорни, ќе може да се пријават електронски или во подрачните единици на Комисијата.
Синоќа истече рокот за пријавување на спорните гласачи во избирачкиот список и тој ќе се разгледува на јавна седница во вторник. Бројката на спорни гласачи засега изнесува 8.922 лица.
Извор: meta.mk