Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 4,37%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 08.08.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 36,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,161 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.08.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 22,332 ден/кг.