Забрана за палење оган во Националниот парк „Галичица“

Пресуден фактор за појава на пожарите на отворен простор е човечкиот фактор. Голем дел од пожарите се намерно предизвикани но и од невнимание.

Тргнувајќи од овој факт и фактот дека превентивата е најдобра заштита од појава на пожарите, ЈУ Национален парк „Галичица“ ги соопштува сите граѓани кои живеат и престојуваат на територијата на паркот, дека поради зголемената опасност од појава на пожар во летниот период како и според Законот за шуми, забрането е палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор.

Чуварската служба на ЈУ Национален парк „Галичица“ – Охрид, против оние кои нема да ја почитуваат оваа забрана ќе преземе мерки согласно законот.

Од Управата на ЈУ Национален парк „Галичица“ – Охрид на сите посетители им посакуваат пријатен престој во Националниот парк „Галичица“, со молба да не ги уништуваат природните вредности на паркот.