ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од СДС очигледно немаат контакт со реалноста

Во врска со одржаната прес-конференција на кандидатот за градоначалник од СДСМ Дебрца, Зоран Ногачески, реакција испрати ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца во која стои:

„На самиот почеток на изборната кампања сведоци сме дека СДС од Дебрца не само што НЕ стои позади својот збор туку и она што за нив преставува потпишување на кодекс на однесување за време на престојните избори е сосема НЕвалидно. Имено нивниот кандидат за градоначалник кој е завземен од небулозната теорија дека има капацитет да ја води општината, денес сите не убеди во спротивното, кога без било каква дозвола и претходно одобрение одржа прес во службените простории на локалната. Досега невиден преседан преку кој следствено се поставува прашањето: Дали со овој потег сакаше да предизвика инцидент или била каква реакција од вработените кој се задолжени за редот во самите простории на општината. На ова оставаме да процени јавноста. Но со овај почетнички и аматерски потег за насилно настапување се руши имиџот на самата општина Дебрца. Нешто за што овие години напорно работевме. Ваквиот пристап е несоодветен за било кој, а камоли за кандидат за градоначалник.

Во однос на нивниот прес укажуваме дека кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од СДС очигледно немаат контакт со реалноста, односно тоа го докажува нивното перманентно отсуство помеѓу локалното население. Доколку беа поприсутни помеѓу народот, лесно ќе можеа да ги согледаат големиот број на реализирани проекти изминативе четири години. Имено, за тоа сведочат над 71 реализирани број на проекти од различни области, над 14,5 км реконструирани и изградени улици и локални улички, реконструираните и изградените 9 водоводи, за тоа сведочат и изградените 4 канализации, реконструираните 4 основни училишта, едно новоизградено училиште, изградена е една спортска сала, а изградени се две спортски игралишта, а пет спортски терени се реконструирани, и многу други, односно листата на реализирани проекти е многу долга.

Исто така ОИШ на ВМРО ДПМНЕ Дебрца укажува на фактот дека самиот медиумски настап нема да го прави затскриено во простории туку дирекно меѓу народот како што впрочем тоа го правеше и изминативе 4 години. Нас нема да не поколебат ниту временските неприлики ниту било што да сме покрај нашите жители, да ги покажеме досегашните реализирани проекти но и да ветиме нови и да се одржиме до нашиот збор.“ – стои во реакцијата од ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.