Членовите на ад хок телото за регулација на медиумите во предизборниот период, утре на седница ќе го избираат петтиот член кој е потребен за телото да може да почне да работи, велат за „Мета“ членови на ад хок телото.
Како што е пропишано во Изборниот законик, петтиот член на телото мора да биде Албанец и тој се избира преку јавен повик.
Последниот член на телото треба да се избере со консензус на досегашните членови, Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, и Горан Трпеновски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ.
Засега, според информациите на „Мета“, меѓу членовите на ад хок телото не владее претеран оптимизам во врска со нивната работа.
Извор: meta.mk