Вистинско уживање со џез музиката на „Летниот џез караван“

Синоќа со настапот на Kabadayas и Гоце Стефкоски квинтет, успешно заврши реализацијата на пилот проектот „Летен џез караван“ кој поддржан од Министерството за култура во рамките на „Топол културен бран“ а во организација на општина Охрид се одржа во барот „Куба Либре“.

Низа манифестации оставаат културен белег во Охрид ја збогатуваат понудата ,нудат вистинско уживање и полека го афирмираат градот како културна туристичка дестинација.

jazz_ohrid_2016_4002

Во иднина, збогатувањето на програмските активности и културната понуда на Охрид со уште еден „Охридски џез фестивал“, ќе го направи Охрид привлечен и посакуван за љубителите на џез музиката, а секако ваквите континуирани подобрувања и збогатувања на понудата даваат и видливи резултати.

Надградбата и продолжувањето со ваквите активности и овозможување на граѓаните и туристите кои престојуваат во Охрид да проследат што повеќе настани од културен карактер е една од заложбите на локалната самоуправа.

jazz_ohrid_2016_400