Охриѓанец почина во сообраќајка кај Требеништа

Вчера околу 16:55 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Требеништа, се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ „Ивеко“ со албански национални ознаки, управувано од Л.Ц. (30) од Р.Албанија и мотоцикл „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управуван од К.В. (44) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.В. кој бил пренесен во болницата Св.Еразмо каде што починал. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.