ОК на ВМРО – Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Во периодов наназад, граѓаните на охридско – струшкиот регион беа сведоци на бројни посети на претставници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и секако, во склоп на тоа, многубројни изјави за бројни инвестиции и отворање на нови работни места и отворање на развојно индустриско зони. Години наназад медиумите беа преплавени од изјави дека Американска, Канадска и многу други фирми донесле одлука да отворат фабрики во развојните зони во охридско – струшкиот регион.
ВМРО-Народна партија од Охрид ја прашува Владата, предводена од ДПМНЕ И ДУИ, кој е разултатот од сите тие најави, бидејќи на терен ситуацијата е многу поразлична. Имено, во овој регион Владата има почнато, а сеуште незавршено веќе 3 години, развојно економска зона на потегот помеѓу Охрид и Струга и во неа една сала во обид на градба.
Силно најавуваните инвестиции како КОСТАЛ и ОДВ ЕЛЕКТРОНИК се далеку од најавите за отворање на илјадници работни места. Според информациите кои ги имаме, во овие две инвестиции се редовно вработени околу 70 вработени, што секако е далеку од најавите на Владата.
ВМРО Народна партија од Охрид сака да ја потсети македонската јавност дека во периодот 2006-2016 во овој регион се затворија неколку поголеми стопански капацитети и без работа останаа неколку илјади работници. Така, во овој период престанаа со работа ЕМО-ОХРИД во 2011 година (1800 вработени), ОТЕКС во 2007 година (1500 вработени), ЗАСТАВА АГП во 2008 година (1200 вработени), СТРУЖАНКА (1500 ВРАБОТЕНИ).
Тоа се инвестициите на ДПМНЕ и ДУИ во овој регион.“ – стои во соопштението од ВМРО – Народна партија.