Денеска во хотелот „Десарет” во Охрид, беше затворен овогодинешниот Летен камп „Ја сакам Македонија – 2016“, којшто во организација на Министерството за надворешни работи се одржa од 14-ти до 21-ви август.
На кампот учествуваa деца на училишна возраст од Заедниците на Македонците во соседството и регионот и истиот е дел од поширокиот владин проект „Далеку, а блиску“ за приближување на сите лица кои имаат македонско потекло, а особено најмладите, и создавање долгорочни врски меѓу нив.
Присутните ги поздрави вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, кој говореше за улогата и значењето на мајчиниот јазик во одржувањето на личниот и културниот идентитет.