Завршува реконструкцијата на Основното училиште во Оровник

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во посета на Основното училиште во Оровник, каде пред сам крај се градежните работи што се одвиваат околу целосната реконструкција на училиштето. Се работи за прва позначителна реконструкција на училиштето изградено во 1954 година.

Градоначалникот истакна дека со почетокот на новата учебна година учениците од основното училиште во Оровник наставата ќе ја следат во пријатни услови и дека со замената на надворешната столарија, замената на кровниот покривач, поставувањето на топлинската изолација и со замената на светилките, ќе се штеди енергија и очекува да се намалат трошоците за греење.

0-rekonstrukcija orovnik 1

Реконструкцијата се одвиваше во две фази. Во првата фаза од реконструкцијата отстранет е стариот дрвен под, изведена е армирано бетонска меѓукатна конструкција, изработени се нови подови од керамички плочки и ламинат, заменети се сите внатрешни врати, извршена е замена на надворешната дрвена столарија со нова изработена од ПВЦ профили како и реконструкција на санитарните јазли, во втората фаза се изврши замена на кровот, се изработи нова фасада, нови плафони, се изврши глетовање и молерисување на внатрешните ѕидови, поставена е нова електрична, водоводна и канализациона инсталација и нови санитарии за најмалите ученици. Со завршувањето на втората фаза од реконструкцијата, училиштето доби комплетно нов лик и со што учениците во подрачното основно училиште во Оровник, оваа година наставата ќе ја следат во целосна реновирана училишна зграда.

Проектот преставува дел од низата проекти кои ги спроведува Општина Дебрца во делот на образованието, подобрување на воспитно образовните установи и создавање услови за непречено одржување на наставата на учениците и вработените.

Реконструкцијата на Училиштето е проект на Општина Дебрца во соработка со Југозападниот плански регион кој го спроведуваа проектот за енергетски ефикасни објекти во Југозападниот Плански Регион, за кој проект се одобрени средства од Бирото за регионален развој. Вкупната инвестициона вредност на двете фази од реконструкција изнесува 3.318.297 денари.

0-rekonstrukcija orovnik 2