Завршува реконструкцијата на Основното училиште во Оровник

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во посета на Основното училиште во Оровник, каде пред сам крај се градежните работи што се одвиваат околу целосната реконструкција на училиштето. Се работи за прва позначителна реконструкција на училиштето изградено во 1954 година. Градоначалникот истакна дека со почетокот на новата учебна година учениците од основното училиште во Оровник наставата ќе ја следат во пријатни услови и дека со замената на надворешната столарија, замената на кровниот покривач, поставувањето на топлинската изолација и со замената на светилките, ќе се штеди енергија и очекува да…

повеќе...

Утре стартува авионската линија Белград – Охрид

Со заеднички заложби на Општина Охрид, Македонската амбасада во Белград- Србија и авио компанијата „Ер Србија“ се воспостави новта авио линија Белград – Охрид и обратно што стартува утре од охридскиот аеродром,„Св. Апостол Павле“. На свеченоста закажана за утре ќе присуствува градоначалникот Никола Бакрачески кој беше главниот иницијатор за воспоставување на оваа линија и кој со поддршка на Владата на Р. Македонија ги реализира првите преговори и работни средби со менаџментот на реномираната „Ер Србија“. Покрај Бакрачески на настанот ќе присуствуваат и генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски и…

повеќе...

Oд јуни „Ер Србија“ трипати неделно ќе лета од Белград за Охрид

Српската авиокомпанија „Ер Србија“ најави дека од јуни оваа година ќе воведе три сезонски летови неделно на релација Белград – Охрид. Според информациите што ги соопшти српскиот национален авиопревозник, летовите ќе се реализираат во понеделник, среда и во петок, а патниците ќе летаат со турболесен авион „ATP“ со 66 седишта. Охридските туристички работници очекуваат нов прилив на гости од Србија, но и од други подрачја, бидејќи поволните конекции им одат во прилог на туристите што спојуваат море и езеро. „Ер Србија“ ќе го зголеми бројот на летови од Белград кон…

повеќе...

Можност за воведување авиолинија Охрид – Белград

На покана на менаџментот на „AIR SERBIA“, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески е во работна посета на Белград, Р. Србија. На работниот состанок со менаџерскиот тим на најголемата авио компанија во Србија, закажан за утре, 24. 2 2016 година ќе бидат разгледани можностите за воведување авио линија Охрид- Белград. Со ова Локалната самоуправа ја потврдува стратегијата за летови од и кон охридскиот аеродром онака како што се најавуваше изминатите неколку месеци. Потврда дека се важни проектите од ваков тип е и воспоставувањето на двете редовни авио- лини, Охрид- Базел и…

повеќе...

Заменик претседателката на СДСМ, Шекеринска учествува на регионална конференција во Белград

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска учествува на Регионалната конференција за Западен Балкан, во организација на Партијата на европски социјалисти, што од вчера се одржува во Белград, Република Србија. Конференцијата ја отвори претседателот на ПЕС, Сергеј Станишев а посветена е на европската перспектива на регионот и предизвиците со коишто се соочува Западен Балкан. Денеска, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска ќе говори на дебатата „Кон солидарност преку дијалог“, во рамки на оваа конференција.

повеќе...

Охрид успешно промовиран на саемот во Белград

На годинашниот Саем за туризам во Белград во присуство на голем број тур-оператори, туристички агенции, претставници на дипломатскиот кор и политичкиот и јавниот живот, успешно беа презентирани охридските културни и природни вредности. За време на туристичкиот саем, во ресторанот „ Езеро“ на Ада Циганлија се одржа и традиционалната Охридска вечер, на која пригодно обраќање имаше градоначалникот Никола Бакрачески. „Ние како нов тренд го најавуваме подолго време и постојано работиме да има голем импакт на зголемување на бројот на туристите кои ќе го посетуваат Охрид. Уверени сме дека ќе вроди со…

повеќе...

Туристички, културни и гастрономски потенцијали на Македонија претставени на саемот за туризам во Белград, Србија

Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот богата програма на Македонија, преку деновите на македонскиот туризам и промотивните настани успешно се претстави како туристичка дестинација на меѓународниот саем во Белград кој се оддржа од 19-22ти Февруари. „Српскиот пазар за нас е еден од главните туристички пазари. Имаме над 40.000 посетители, кои остваруваат над 77.000 ноќевања во Македонија и се вбројува во првите 5 држави по посетеност според рангирањето. Очекуваме во иднина да го зголемиме овој број за околу 100% во период од 5 години. Успешните промотивни активности…

повеќе...

Традиционална охридска вечер во Белград

Во рамките на годинешниот Туристички саем во Белград што ќе се одржи од 19-ти до 22-ри февруари, општина Охрид ќе ја организира традиционалната Охридска вечер. На вечерта, што ќе се одржи во ресторанот „Језеро“ на Ада Циганлија, планирано е да учествуваат претставници на дипломатскиот кор, познати личности на политичкиот и јавниот живот во Белград, хотелиери, угосители и тур-оператори од повеќе земји учеснички на саемот. „Нашата стратегија е што повеќе да ги користиме туристичките саеми како можност за промоција на Охрид како атрактивна дестинација.Оваа недела почнуваме со промоција на Охрид на…

повеќе...

СДММ на конференција за социјалдемократијата во Белград

Во периодот од 11 до 13 јули, во Белград (Србија) се одржува младинска конференција на тема: „Иднината на социјалдемократијата на Балканот”, во организација на IUSY (Интернационална унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци). На конференцијата, учествува и Социјалдемократската младина на Македонија, преку своите претставници Рената Јајоска, член на Извршниот одбор на СДММ и Сенад Смаиловиќ, организационен секретар на СДММ. На конференцијата се дефинираат заедничките предизвици на младите социјалдемократи, како што се справувањето со младинската невработеност и состојбата со работничките права. Исто така, ќе се дебатира и за правата на малцинските групи…

повеќе...