Шкендија претрпе пораз 0:4 од Гент на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје и со вкупен резултат од 1:6 е елиминирана од натпреварувањата во Лигата Европа.
Целта на Шкендија беше да се постигне гол, но да не се прими. Сето тоа добро се одвиваше во текот на првото полувреме од овој натпревар во кое немаше голови, на полувреме се замина со резултат 0:0.
Но, што се случи на полувремето!? Во второто полувреме Гент полека, но сигурно грабеше кон целта. Најпрво со голот на Кулибали во 60 минута Гент постигна гол во гости и и ја отежна работата на Шкендија, а во 69 минута истиот играч зголеми на 0:2. Веќе се беше решено, Гент имаше недостижна предност, а со головите на Пербет во 81 и Нето во 86 минута Гент го зголеми резултатот на 0:4.
Овој пораз значеше и елиминација на Шкендија од годинешното натпреварување во квалификациите од Лигата Европа.
WebOhrid