Инфо ден во МАНУ за Програмата на Европската унија – COST

Министерството за образование и наука соработка со Европската комисија организира Инфо ден на 15.09.2017 година со почеток во 9.00 часот во Македонската академија на науките и уметностите за Програмата на Европската унија – COST (eвропска соработка во науката и технологијата).

http://www.cost.eu/

Оваа програма овозможува креирање на интердисциплинарни истражувачки мрежи во Европа и пошироко. Се обезбедуваат фондови за организирање конференции, средби, обуки, кратки размени како и други активности во широк спектар на научни дисциплини и теми. Програмата е отворена за луѓе со нови идеи на многу едноставен и пристапен начин.

Регистрацијата за учество е преку следниов линк https://goo.gl/forms/XmsGQ9zdE9sexhdi1.