Денес на градскиот базен при Спортскиот центар „Билјанини извори“ на сите членови на пливачката школа „Охридски бранови 2008“ им беа доделени дипломи за завршен курс по пливање. Исто така, годинава на традиционалниот 37-ми Илинденски пливачки маратон, на тројца членови од пливачката школа, Ана Бошалеска, Петар Бошалески и Владимир Велјаноски им беа доделени и дипломи за учество на истиот.
„Оваа година времето одлично не послужи, секој ден имавме тренинзи на кои децата со забрзано темпо ги изучуваа тајните на пливањето. Јас како тренер сум многу задоволна од работата и тоа како децата ги усовршува четирите стила во пливањето. Денес со доделувањето на дипломите ставивме круна на нашиот труд и залагање во усовршувањето на техниките во пливање успешно ја заокружуваме оваа летна сезона“- вели проф. Катерина Стојаноска, тренер во Школата за пливање.