Поетски читања на Мостот на поезијата и врачување на признанијата на 55-то издание на СВП

Најпрестижното признание на Струшките вечери на поезијата „Златен венец“ синоќа и беше врачено на годинашниот лауреат, канадската поетеса, романсиерка, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд на меѓународниот поетски митинг „Мостови . Признанието и го врачи претседателот на Управниот одбор на СВП Славе Ѓорѓо Димоски. 

Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшки вечери на поезијата, на лауреатот Иван Џепароски му ја врачи претседателката на жири-комисијата за оваа награда, Вера Чејковска.

Директорот на СВП Мите Стефоски ја врачи наградата „Мостови на Струга“ за најдобар поет-дебитант на Руна Светликова од Белгија.

На поетскиот митинг што се одржа на Мостот на поезијата, на истекот на Црн Дрим покрај лауреатите своја поезија читаа сите учесници на Фестивалот.