Се известуваат сите правни и физички лица дека за издавање на потврда согласно член 197 став 7 од Законот за трговски друштва, почнуваќи од 01.09.2016 година, до Царинската управа треба да достават ново изменето Барање кое е објавено на веб страната на Царинската управа (во продолжение). Истото треба да биде пополнето точно, читливо и целосно.
Кон Барањето за издавање на потврда дека лицето нема доспеан неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки во редовна царинска постапка и во постапка на дополнителна пресметка на давачки, треба да се приложи уплатница за платена административна такса во износ од 50,00денари.
Административната такса може да се плати и преку СМС порака на бројот 144 166 со следната содржина:
ТМ _Ime_Prezime_50, за физички лица и
TM_Naziv na pravnoto lice_50, за правни лица
Барањето се поднесува во архивата на Царинската управа или преку пошта на следната адреса:
Царинска управа на Република Македонија
Сектор за финансиски прашања
Одделение за наплата на приходи
ул. Лазар Личеноски бр.13
1000 Скопје.
Коктакт за дополнителни информации:
e-mail; oddeleniezanaplata_at_customs.gov.mk или
тел: 02/32 93 945,
02/32 93 946,
02/32 93 979
Прилог: Барање за издавање на потврда за Централен регистар.docx