На плоштадот „Крушевска Република“, во организација на ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) во соработка со Фолклорна Асоцијација „Играорец”, Ансамбл “Скопје”, Фолклорен Фестивал „Здравко Банар“и МКЦ- Зоран Стрезовски, се одржа Интернационалниот фолклорен и хорски фестивал „Денови на Дебрца”.
Охрид беше домаќин на повеќе странски групи од различни држави. На овој интернационален фестивал учествуваа групи од Македонија, Словачка, Бугарија, Естонија, Хрватска, Албанија, Полска, Грција и Романија. На фестивалот имаше околу 450 учесници кои продефилираа низ Охридските улици.