Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денес во изјава за медиумите истакна:
„Денеска присуствував на презентација на едно истражување за перцепцијата на граѓаните во однос на полицијата и на другите државни ограни. Пред се за тоа како функционират, дали има корупција во институциите на системот. Тоа е регионално истражување коешто се спроведува во Македонија и во земјите од регионот.
Интересно е дека граѓаните на Република Македонија дават поддршка на полицијата. Меѓутоа исто така сметаат дека премногу е партизирана, дека премногу работи во интерес на поединци, високи функционери во МВР или од страна на власта. Понатаму, дека има многу ниско ниво на професионализација и дека има висок степен на корупција.
Таквата перцепција е слична и за другите државни органи.
Мора посветено да се работи да се зголемува довербата кај граѓаните на Република Македонија во полицијата меѓутоа и многу да се работи да се отстранат овие негативни ефекти.
Тоа треба да се започне час поскоро и да навистина после изборите во Декември. Да направиме се, да имаме состојба во којашто перцепцијата на граѓаните за полицијата како и за другите институции на системот ќе биде подобра, ќе се зголеми довербата.
Мора сериозно да работиме да се намали нивото на партизираност и најважно од се да се намали нивото на корупција заради тоа што корупцијата е клучниот проблем за иднината и перспективата на оваа држава.“- истакна Спасовски.