Денот на независноста неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 8 септември 2016 година (четврток), Денот на независноста е неработен ден за граѓаните на Република Македонија. 

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на независноста.