Известување за полагање на испит за добивање на уверение за рибочувар и на уверение за вршење стопански риболов

Се известуваат сите заинтересирани кандидати дека на 21 Септември 2016 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на теоретскиот дел од петтиот испит за добивање уверение за рибочувар.

Истиот ден (21 Септември 2016 година), со почеток во 14:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на вториот испит за добивање на уверение за вршење стопански риболов (теоретски дел).

Барањата за полагање на двата испита (за уверение за рибочувар и за уверение за вршење на стопански риболов) со потребните докази може да се поднесат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до понеделник 12.09.2016 година.