Во Македонија во вториот квартал годинава се регистрирани 6.687 слободни работни места.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места во второто тримесечие од годинава изнесувала 1,38 проценти.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ и изнесува 3,66 проценти, додека најмала е стапката во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0,10 проценти.
Деловните субјекти кои имаат од 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места, 1,88 проценти.
Со највисока стапка на слободни работни места, 2,30 проценти, е Југоисточниот регион.
Најголем број слободни работни места, односно 2.398, има во групата на занимања „работници во услужни дејности и продажба“.