Утре во Скребатно ќе се одржи „Охридска софра“

Организираната промоција на локалните специјалитети и традиционалните рецепти за подготовка на познатото ѓомлезе, годинава ќе бидат промовирани на манифестацијата „Охридска софра“ која во сабота ќе се одржи во селото Скребатно.

Подготовките за годинешната манифестација се завршени, а се очекува „Охридската софра“ да биде посетена од голем број граѓани, гости и туристи.

Манифестацијата има натпреварувачки карактер, а посебно жири ќе одлучува за највкусното ѓомлезе.

Годинава, во натпреварувачкиот дел за подготовка на ѓомлезето пријавени се 12 учесници.

Официјалниот почеток на манифестацијата е 09 часот кога започнува припремата на ѓомлезето и традиционалните специјалитети кои ќе бидат приготвени од учениците и професорите од Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид.

Медот и земјоделските производи од охридското поднебје ќе бидат промовирани од Здружението на пчелари и Здружението на земјоделци од Охрид.

Во културно – уметничкиот дел од програмата ќе настапи вокално инструменталниот состав за традиционална музика „НИЗАЛКА“ .

За заинтересираните граѓани Секторот ТЛЕР при општина Охрид обезбеди и беспалетн превоз до селото Скербатно. Тргнувањето е утре во 09:45 часот пред Охридска банка – превозник „Омега Експрес“ и 10:00 чаот пред Домот на култура во с. Лескоец.

Во рамките на своите надлежности, Секторот ТЛЕР при општина Охрид ќе продолжи да ги превзема сите неопходни ангажмани и да обезбеди континуитет на активности во сферата на креирање, унапредување и подобрување на туристичките форми на промоција и збогатување на понудата на градот.