Светиот свештеномаченик Филип, епископ Ираклиски, со свештеникот Север и ѓаконот Хермес

Светиот свештеномаченик Филип, епископ Ираклиски, со свештеникот Север и ѓаконот Хермес

Се мисли дека беа Словени. Му служеа на Бога во Тракија, каде што беа предадени на маки. Кога незнабожците јурнаа да ја запалат христијанската црква, Филип храбро му рече на нивниот старешина: „Мислиш дека Бог е затворен во карпите? Он живее во срцата“. Храмот го разорија, а книгите ги запалија и овие свештеници ги одведоа во Едрене, каде што после робија и маки беа исфрлени полуизгорени во реката Марица. Со нив загинаа маченички уште триесет и осуммина христијани. По с ѐ изгледа ова се случи во времето на Диоклецијан.