Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4ти септември(недела), во црквата „Свети вмч. Ѓеоргиј“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св.мч-ци Агатоник, Зотик, Зинон и др. Св.мч-чка Антуса“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.
Истиот ден во 12.00 часот, во манастирот Св.Стефан – Охрид, ќе се осветат новоизградените манастирски конаци.
По тој повод Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.