Раководството на СДСМ од Охрид оствари средба со претставници од ОБСЕ

Општинското партиско раководство на СДСМ во Охрид вчера оствари средба со претставници од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Делегацијата од ОБСЕ ја предводеше Давид Луф, Мониторинг офицер во Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

SDSMsredbaOBSE03

На средбата гостите од ОБСЕ беа запознаени со тековните активности и проекти на ОО на СДСМ Охрид и со плановите за идното партиско делување. Стана збор и за актуелните случувања и состојби од сферата на политичкиот и општествениот живот во нашата општина, а беа разменети мислења и ставови и околу актуелните политички случувања во земјата. Уште еднаш беше потврдена заложбата и од двете страни за одржување и продлабочување на меѓусебната соработка, во интерес на развојот на демократските и другите универзални европски вредности во нашето општество.

SDSMsredbaOBSE01