Седум години од бродската несреќа во Охридското Езеро

По повод навршувањето на седум години од бродската несреќа во Охридското Езеро кога животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија, делегации од општина Охрид, Капетанија, Бугарскиот конзулат, Бугарскиот културен центар и членови од Здружението „8- ми Септември“ положија цвеќе пред спомен обележјето на езерскиот кеј.

Brodska_Nesreka_pol_cveke_20164852

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Тоа саботно утро времето беше исклучително топло, езерото мирно и ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро. Бродот „Илинден“ кој превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, како последица на механички дефект, претовареност и паника, се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.

Brodska_Nesreka_pol_cveke_20164853