Охрид и Воден ќе нудат заеднички туристички пакети

Градовите Охрид од Македонија и Воден од Грција ќе нудат заеднички туристички пакети, како нов туристички производ во меѓусебната соработка.

Специфика на двата града се природните убавини, особено богатството од водни ресурси.
Тоа е препознаено и од ЕУ, така што ќе бидат финасирани неколку проекти, преку Програмата за трансгранична соработка на ИПА-фондовите.

Во тек е реализацијата на проектот „Вотернет“ (Waternet) во чии рамки во центарот на Охрид ќе биде поставен туристичко- информативен пункт.

Со средства од истиот проект се довршуваат уште 200 метри од пешачката крајезерска патека, од мостот Студенчишта, па сè до комплексот Горица.

Кујната на Факултетот за туризам и угостителство доби нова опрема, а ќе биде изградена и ботаничка градина.

Партнери на проектите, покрај општините Охрид и Воден, се Факултетот за туризам и угостителство во Охрид и Институтот за технолошки науки „Александар“ од Солун.

Извор: meta.mk