Кривична пријава за охриѓанец поради бесправно градење и узурпација на недвижности

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Т. (40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Во периодот од крајот на 2015 година до месец мај 2016 година пријавениот како инвеститор без да поседува одобрение за градење од надлежен орган на земјиште во с.Трпејца на м.в.Филов камен, кое е во сопственост на Р.Македонија, а дадено на користење на ЈУ Националниот парк „Галичица“, изградил викенд куќа.