Пронајдена дрога кај охриѓанец во казино во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Б. (26) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотична дрога“.

На 14.04.2016 година околу 23.00 часот во казино во Охрид од страна на полициски службеници е затекнат пријавениот кај кого е пронајдена 0,87 грама наркотична дрога марихуана, а за време на прегледот истиот изјавил дека марихуаната му ја дал Х.Б. од Охрид и дека истата требало да ја предаде на непознато лице кое вечерта требало да дојде во казиното.