Во „Белата ноќ“ на 7-ми септември, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе реализира неколку програмски активности:
Со почеток во 20 часот во просториите на Библиотеката ќе бидат доделени благодарници на дел од лицата кои во изминатиот период донирале книги за Установата.
Во 20 часот и 30 минути ќе биде отворена изложба на стари и уникатни книги, сопственост на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
Од 21 часот ќе започне поетско читање на членовите од Литературниот клуб „Григор Прличев“ – Охрид.
Со реализирањето на овие активности Библиотеката се вклучува во одбележувањето на 25 годишнината од осамостојувањето на Република Македонија.