Ристовски се враќа во Латина, Јакимовски на проба во Варезе

Стефан Ристовски се врати во Латина, поточно Парма повторно го прати на позајмица во Серија Б во тимот на Латина до крајот на оваа сезона.

Никола Јакимовски моментално се наоѓа на проба во Варезе. Тој е моментално слободен играч откако беше ослободен од Јагодина.

Ристовски и Јакимовски ќе ги спасуваат своите тимови во борбата за опстанок во Серија Б лигата. Тимот на Латина е на 21 место, додека пак тимот на Варезе се наоѓа на 18 место во Серија Б.

WebOhrid