Македонец загина во сообраќајна несреќа во Грција

На автопатот Солун – Гевгелија, на пет километри пред грчко-македонскиот граничен премин, вчера во тешка сообраќајна несреќа загина едно лице, македонски државјанин.

Во сообраќајката загина возачот (29) на возилото „шкода суперб“ со скопски регистарски ознаки, кој најверојатно ја изгубил контролата над возилото и удрил во дрворедот покрај автопатот.

Според сведоци на оваа сообраќајна несреќа, во возилото биле сопругата на возачот, која била бремена, едно двегодишно дете и уште една повозрасна жена.

Извор: meta.mk