Министерот Спасовски се сретна со претставникот на УНХЦР Ариф

Денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со претставникот на УНХЦР, Мохамад Ариф.

На состанокот беа разгледани предизвиците од областа на азилот и граничното управување, со посебен акцент на Законот за азил и привремена заштита, пристапот на УНХЦР до ранливите категории на лица, имплементација на Стандардните оперативни процедури при упатувања до националните заштитни механизми, како и на ситуацијата и статусот на лицата во транзитните центри .

Средбата беше искористена и за утврдување и унапредување на координацијата меѓу граничната полиција и УНХЦР од аспект на криумчарењето лица.