Околу 90 кг запленета марихуана

Секторот за внатрешни работи Велес по претходно преземени мерки и активности реализираше случај на недозволена трговија при што запленети се над 88 килограми наркотична дрога марихуана. Имено на 6ти овој месец околу 19:50 часот на локалниот пат Велес- Башино Село на околу 100м пред бензинската станица било запрено ПМВ Волксваген Венто со кумановски регистарски ознаки управувано од С.А.(37) од Скопје, а сопственост на Ф.Ф. По запирањето на возилото од страна на полициски службеници на задните седишта биле забележани два куфери, а додека пак во багажниот простор на возилото, биле пронајдени три јутени торби со тревкаста материја. Од страна на полициските службеници за настанот веднаш бил известен јавен обвинител и од страна на судија за претходна постапка добиена е усна наредба за претрес на возилото. При извршениот претрес на возилото на задното седиште во двата куфери биле пронајдени 84 најлонски пакувања со травкаста материја, а во багажниот простор во јутените торби биле пронајдени вкупно 94 пакувања со травкаста материја односно вкупно во возилото пронајдени при претрес биле 178 поголеми пакувања со травкаста материја. По извршениот претрес извршен бил комплетен увид на местото на настанот, а пронајдените пакувања со тревкаста материја биле фотографирани и со потврда одземени од пријавениот и предадени на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на МВР. По завршеното вештачење утврдено е дека тревкастата материја преставува наркотична дрога марихуана во вкупно количество од 88,771 килограми. Осомничениот С.А. бил приведен во СВР Велес и со него бил извршен разговор во кој истиот појаснил дека пронајдената дрога ја земал од две засега непознати лица од Косово, и незнаејќи ја содржината на вреките и куферите тргнал кон Гевгелија. За транспортот на пријавениот требало да му бидат исплатени според негово кажување сума од 2000-3000 евра. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот С.А. определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.