ИО „Пионер“ од Охрид дел од Тренинг семинар за преживување и спасување во природа

Осумнаесет учесници од девет Балканските држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Словенија и Турција) беа дел од Тренинг Семинарот за Преживување и Спасување во Природа кој е организиран од Сојузот на извидници на Македонија во соработка со Дирекција за Заштита и Спасување на РМ, поддржан од Иницијативата за Подготвеност за Катастрофи и Превенција на Југоисточна Европа.

Овој семинар се одржа на повеќе локации во околината на Охрид, каде учесниците преку интерактивни работилници имаа можност да се споделат искуства и знаење од областа на трагање, преживување и спасување во планини и непристапни терени.

„Остварените контакти и деновите поминати заедно ќе помогнат да во иднина и во Р.Македонија се дооформат и едуцираат тимови кои што стручно и професионално и според меѓународни утврдени правила ќе можат успешно да извршуваат задачи за спасување и пронаоѓање на изгубени или настрадани лица во природата.“ – велат од ИО „Пионер“ од Охрид.

На тренингот учествуваа и претставници од извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид во улога на предавачи во името на Сојузот на извидници на Македонија.