По повод Денови на Мајка Тереза Воениот Музеј на Република Македонија како дел од Министерството за одбрана организираше изложба на авторизираната копија од нобеловата диплома за мир на Мајка Тереза. Истата беше изложена на неколку локации. Главниот дел од изложбата го отвори Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во Домот на АРМ во Скопје.
„Кога зборуваме за Мајка Тереза нејзиното мото беа трите големи зборови љубов, хуманост и мир. Армијата на Република Македонија дава голема почит на овие три зборови“ истакна министерот Јолевски на денешното отварање на изложбата во чест на Мајка Тереза. Тој рече дека Армијата на Република Македонија е гарант на мирот во нашата држава и дека преку учеството на припадниците на АРМ во мировните мисии низ светот таа ќе продолжи да придонесува кон светскиот мир. Јолевски порача дека кога станува збор за хуманост Армијата на Република Македонија и нејзините припадници секогаш ќе се тука за да им помогнат на тие кои им е најпотребно. Министерот додаде дека АРМ е тука за граѓаните на Република Македонија и дека нејзините припадници деноноќно помагаа во скопскиот и тетовскиот регион по полавите.
Министерот Јолевски денес го посети и основното училиште за деца со посебни потреби „Иднина“ во Чаир. Посетата беше по повод на Денови на Мајка Тереза и во чест на нејзиното дело се донираше за децата кои учат во училиштето. Во склоп на посетата Јолевски засади и дрвце на иднината во дворот на училиштето.
Авторизираната копија од нобеловата диплома за мир на Мајка Тереза беше изложена и во текот на вчерашниот ден во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје за време на настапот на Клапа „Свети Јурај“ од Хрватската воена морнарица.