Вечерва, во 19.53 часот, нов земјотрес ја погоди Скопската Котлина со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е регистриран на четири километри северозападно од Скопје, на длабочина од пет километри.
Појак земјотрес го затресе Скопје попладнево и во 14.19 часот. Овојпат земјотресот беше со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и се случил на 2 километри североисточно од скопското село Булачани.
Послаб земјотрес скопјани почувствуваа и во 11.50 часот, со јачина од 2,3 степени. До 10 часот утрово сеизмолошката опсерваторија регистрирала десетина послаби земјотреси.
Извор: meta.mk