Убедлив пораз на македонската кошаркарска репрезентација во 5 коло од групата Г во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година. На домашен терен во салата Јасмин во Кавадарци нашата најдобра репрезентација загуби од Велика Британија со 89-62 (21:14; 23:16; 23:23 и 22:9). По поразот од Британија црвено жолтите ги загубија и теоретските шанси за пласман на Европскиот шампионат во 2017 година.
Тимот на Британија од почетокот до крајот на мечот беше подобрата екипа на дуелот во Кавадарци и ја имаше контролата на играта и резулатот во соте 40 минути.
Нашите високи центри беа без одговор во одбраната во дуелите со силните противнички кошаркари. Центарот на Британците Даниел Кларк со 21 постигнат поен беше и најефикасниот кошаркар на средбата, одличен натпревар одигра и неговиот партнер во рекетот Оласени со 13 поени и 8 скока. Во победначката селекција на Британија двоцифрен број на поени постигнаа и бековите Лорес и Гордон со по 14 односно 13 поени.
Само на стартот на средбата 5-0 нашата селекција ја имаше резулатската предност, но потоа проработе британската машина и многу брзо гостите поведоа со 21-12. Немавме решение за одличната игра во одбрана на ританија а имавме и големи проблеми да го браниме својот кош. Британија полека но сигурно го трасираше патот до убедливиот триумф. На одмор се замина со водство на Велика Британија од 44-30. Лошиот почеток на второто полувреме не навестуваше ништо добро за црвено жолтите на мечот во Јасмин од напад во напад противникот ја зголемуваше предноста. Британија поведе и со 49-32, но за среќа во средината на третата четвртина проработе нашето најсилно оружје шутот со серија тројки на Николовски, Војдан Стојановски и Костоски се враќаат надежите за позитивен резулаат во Јасмин. Во одлучувачката четврта четвртина влеговме со негатива од 63-57, и наместо да продолжове во ист ритам како од крајот на третата делница цели три минути бевме без постигнат поен што Британија знаеше да го искористи на брзита оствари огромни 74-53,и го реши прашањето на победникот уште на половина од решавачката четврта делница.
Во редовите на црвено жолтите најефикасни кошаркари беа Кире Николовски со 17 и капитенот Војдан Стојановски со 15 поени.
Квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година ги завршуваме в сабота со дуелот во Шолнок против лидерот во групата Г Унгарија.
По натпреварот селекторот на нашиот национален тим Драган Раца изјави: „Ова е реалноста на македонската кошарка. Играчите одиграа како што одиграа и не треба да бидат навредувани за ваквите резултати. Имавме многу проблеми, останавме без Марко Симоновски, потоа и без Дамјан Стојановски кој е клучен за овој состав, а немавме замена за него. Момците дадоа се од себе, но тоа е тоа. Не треба многу да жалиме, туку да се фатиме со работа“.
Нашиот најефикасен поединец на дуелот против Британија Кире Николовски, разочаран од поразот кратко порача:
„Што да се каже по еден ваков меч, кога на домашен терен ќе примиш 90 поени?!,“ – изјави Николовски.
Инаку на наградната игра на МКФ на полувремето од средбата, по прецизниот шут зад линијата за тројка младата кавадарчанка Цветанка Димитрова си доби таблет комјутер од АМЦ.
На вториот натпревар од групата Г Унгарија го победи Луксембург на гости со 68:65. Со оваа победа Унгарија го потврди пласманот на Европското првенство.
Табела: Унгарија 10 бодови, Велика Британија 8, Македонија 7, Луксембург 5.