Се интензивираат градежните работи на пешачката и велосипедска патека до Билјанини извори. Заради непречено одвивање на градежните активности потребно е сопствениците на пловните објкети кои се наоѓаат на патеката да бидат отстранети.
Општина Охрид ги известува сопствениците на пловни објекти веднаш да ги дислоцираат. Доколку сопствениците тоа не го направат, пловните објекти (кајчиња), ќе бидат дислоцирани, а трошоците ќе паднат на терет на сопствениците.