Денеска почнува новата академска 2016/2017 година на универзитетите во Македонија.
За новите студенти ќе биде организиран прв академски час на факултетите, а на некои од нив ќе присуствуваат ректорите на универзитетите и претставници од ресорното министерство.
Новиот ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, ќе присуствува на првиот академски час на студентите на Факултетот на информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) во Домот на АРМ.
Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска-Томовска, пак, ќе се обрати на првиот час на Факултетот за информатички и комуникациски технологии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, а заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Блажо Боев, на свеченоста пред новите студенти на УГД.
Предавање по повод првиот академски час ќе се одржи за питомците и за студентите на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарна „Гоце Делчев“ во Скопје, а свеченост за новите студенти ќе има и на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ), на која ќе присуствува ректорот Вулнет Амети.
Извор: meta.mk