Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид, Охридскиот народен театар во сабота (17ти септември) со почеток во 20:00 часот хуманитарно за загрозените од поплавените подрачја ќе ја изведе театарската претстава „Парламентарки“, во режија на Ненад Витанов.
Претставата е рaботена по текст на Сашо Димоски, а според комедијата „Жени во Народното собрание“ од старогрчкиот комедиограф Аристофан.
Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев.
Влезот чини 150 денари.Препорачана возраст: +15.