Најмалку 29 лица се повредени при експлозија која синоќа се случи во квартот Челси на Менхетен, а на друга локација, во истиот дел на Њујорк е пронајдено нешто што личи на експрес лонец, кој со жици е поврзан со мал темен уред, јавува „Си-ен-ен“.
Полицијата ги проверува видеата од местото на првата експлозија на кои изгледа е прикажано лице кое остава нешто зад себе, поради што полицијата дошла до заклучок дека експлозивот бил оставен со намера.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио изјави дека според првите индикации станува збор за намерно предизвикување на експлозија, но дека засега не гледаат никаква поврзаност со тероризам.
#NYCExplosion actually captured on video: pic.twitter.com/dV9jRi5nKX
— Michael R. Bernstein (@NerdWorldOrder) September 18, 2016
Извор: meta.mk